Лига на шампиони

Адеми асистираше, Динамо ја „прегази“ Аталанта, ПСЖ со лекција за Реал (ВИДЕО)

Аријан Адеми и Динамо Загреб одлично ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите и со 4-0 ја совладаа Аталанта, ПСЖ со лекција за Реал Мадрид и триумф од 3-0.

Аријан Адеми асистираше во убедливата победа на Динамо Загреб против Аталанта. Македонецот помогна „модрите“ да освоја три бода, и неговиот соиграч Мислав Оршиќ да испише историја и да постигне хет-трик на дебитo во Лигата на шампионите.

Резултатот беше отворен во 10. минута, Леовац погоди за 1-0. По половина час игра, Леовац му асистираше на Оршиќ за 2-0, а пред финишот на првиот дел Адеми го проигра Оршиќ за 3-0. Во 68. минута Оршиќ по трет пат ја затресе мрежата на гостите за убедлива победа од 4-0.

ПСЖ му одржа лекција на Реал Мадрид и покрај тоа што во тимот ги немаше Нејмар, Мбапе и Кавани. Анхел Ди Марија со два гола беше творец на победата, а триумфот од 3-0 го потври Мунје во судиското надополнување.

Возбудливо беше и во Мадрид, каде Атлетико и Јувентус ги поделија бодовите. По мирно прво полувреме, „старата дама“ поведе со 0-2 со головите на Квадрадо и Матуиди, за потоа Савиќ да намали на 1-2, а Ерера во 90. минута да изедначи на 2-2.

Баерн Минхен со 3-0 ја совлада Црвена звезда, гостите губеа 1-0 до завршните десет минути, за концентрацијата да падне во финишот од мечот и да примат два гола.

Манчестер Сити со 0-3 славеше на гостувањето во Украина кај Шахтар, а триумф на гости забележа и Локомотив Москва од 1-2 против Баер Леверкузен.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе