Рускиот милијардер е во потрага на нов клуб

Абрамович сака да им ги мати сметките на Барса и Реал и да ја купи Валенсија?!

Роман Абрамович се спомнува како кандидат за нов сопственик на Валенсија, милијардерот од Русија е во потрага на нов клуб откако реши да го продаде Челси.

Името на Роман Абрамович е дост актуелно во последниот период, бизнисменот реши да го продаде Челси по воената интервенција на Русија во Украина. И додека тој преговара за мировно решение помеѓу двете земји, низ медиумите кружат многу гласини за неговата желба да купи нов клуб.

Првично се говореше дека сака да го купи турскиот клуб Гестепе, во кој настапува нашиот Адис Јаховиќ, но минатата недела пристигна демант за една ваква зделка.

Последните информации го поврзуваат Роман Абрамович со Валенсија, шпанскиот клуб се мачи во Ла Лига под водство на Питер Лим.

Мигел Зорио, кој на маса стави околу 250 милиони евра за купување на Валенсија, откри дека Питер Лим се обидувал во Лондон да најде нов газда на клубот и преговарал токму со рускиот милијардер.

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе