Приоритет е нов напаѓач

Абрамович повторно ќе го одврзе ќесето, Тухел добива 150 милиони фунти за засилувања

Медиумите од Англија пренесуваат дека Роман Абрамович и ова лето ќе го одврзе ќесето, Томас Тухел ќе добие 150 милиони фунти за засилувања а прва желба на Челси е Ерлинг Халанд.

„Сините“ минатото лето потрошија преку 200 милиони фунти на нови играчи а големите инвестиции ќе продолжат и ова лето.

Според пишувањата на Сан, Томас Тухел ќе добие 150 милиони фунти за силувања. Нов напаѓач е приоритет на клубот од „Стемфорд Бриџ“ а прва желба е Ерлинг Халанд.

Норвежанецот е мета на уште неколку клубови, Борусија Дортмунд исто така нема лесно да се откаже од младата ѕвезда, па Челси има и план Б, односно враќање на Ромелу Лукаку, кој има одлична сезона во Интер.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе