Повторно ќе го одврзе ќесето

Абрамович на располагање ќе стави 260 милиони фунти за засилувања, прва желба на Челси е Халанд

Челси и летоска ќе има огромен трансфер буџет, Роман Абрамович ќе обезбеди околу 260 милиони фунти за засилувања а прва желба ќе биде Ерлинг Халанд.

„Сините“ минатото лето го одврзаа ќесето и инвестираа преку 200 милиони фунти во засилувања како Вернер, Хаверц, Зијеш и Чилвел. Челси во моментов е далеку од битката за титулата, па Роман Абрамович ќе се погрижи клубот да има нов огромен трансфер буџет.

Милијардерот од Русија на располагање ќе стави 260 милиони фунти за засилувања а прва желба е Ерлинг Халанд.

Норвежанецот во договорот со Борусија Дортмунд има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа ќе биде активна дури во 2022 година. На Челси не му се чека, Роман АБрамович го сака напаѓачот по секоја цена, па на тест ќе ја стави одлучноста на „милионерите“ со богата понуда.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе