За кого е наменет цитатот од легендарниот Јохан Кројф?

Абидал со енигматичен пост на Инста : Оној кој се двоуми да игра во Барса, не ни треба (ФОТО)

Ерик Абидал објави енигматичен пост на Инстаграм, многумина веруваат дека пораката на спортскиот директор на Барселона е наменета за Матајс де Лихт.

Барселона се обидува да го ангажира талентираниот дефанзивец, се верува дека од поодамна се има договорено со Ајакс но самиот Матајс де Лихт одолговлекува со одлуката откако доби неколку подобри понуди.

Денеска се појавија гласини дека неговиот агент Мино Рајола отпатувал за Париз и во следните денови треба да ги испегла сите детали од трансфер на „Паркот на принцовите“.

По сториите дека „каталонците“ ќе извисат, спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал имаше енигматичен пост на социјалните мрежи и објави цитат од легендарниот Јохан Кројф.

„Оној кој се двоуми да игра во Барса, не ни треба“ – е пораката, за која многумина сметаат дека е наменета токму за Матајс де Лихт.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе