Поранешниот играч на Барса го прекина молкот

Абидал се огласи по скандалот и претепувањето на фудбалерката на ПСЖ: Го заслужив ова понижување

Ерик Абидал се огласи на социјалните мрежи откако неговата сопруга побара развод поради љубовната афера на поранешниот играч на Барселона со фудбалерката на ПСЖ, Кејра Хамрауи.

Бракот на Ерик Абидал е пред распаѓање откако беше откриено дека имал љубовна врска со Кејра Хамрауи, која во моментов ги брани поите на ПСЖ.

Фудбалерката беше нападната на 4. ноември, две маскирани лица ја извадиле од автомобил и со метални прачки ја удирале по нозете. Полицијата се насочи кон одмазда бидејќи еден од напаѓачите извикувал, „Сакаш да спиеш со женети мажи?“ и во фокусот на истражителите се најде Ерик Абидал, на негово име бил телефонот кој го поседувала Кејра Хамрауи.

Ерик Абидал потоа и признал на својата сопруга дека бил неверен и имал љубовна врска со Кеира Хамрауи кога двјацата биле дел од Барселона. Хајет Абидал, која се сомничеше за инволвираност во нападот, веднаш побара да даде исказ за да престанат гласините, а пред неколку дена поднесе и брање за развод.

Денеска Ерик Абидал го прекина молкот и испрати порака на социјалните мрежи.

„Хајет Абидал, прости ми. Каква и да биде твојата одлука, во моите очи ќе останеш жената на мојот живот, особено мајката на нашите прекрасни деца. Го заслужив ова понижување и покрај тоа што ме убива“ – гласеше постот на поранешниот играч на Барселона.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе