Македонецот се приклучи на подготовките на новиот клуб

Абердин го претстави Миовски со специјално видео, како голема ѕвезда (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски му се приклучи на Абердин во Шпанија каде се подготвува шкотскиот тим за новата сезона. 

Абердин неодамна го купи Миовски за 624.000 евра, тој стави потпис на четиригодишен договор, а сега им се приклучи на новите соиграчи на подготовките во Шпанија.
 
Шкотскиот клуб со специјално видео го прикажа приклучувањето на Миовски во тимот. Македонецот доби третман на ѕвезда.
 
 
Миовски е на подготовки со Абердин, но нема да се врати заедно со тимот во Шкотска, ќе треба да помине бирократки процес за да добие работна дозвола. Но од Абердин се уверени дека тоа позитивно ќе се заврши, само ќе биде потребно време за да се поминат сите процедури.
 

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе