Заврши чекањето за работна дозвола

Абердин го пречека Миовски, Македонецот конечно влезе во Британија (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски повеќе од еден месец е член на Абердин, но дури денеска се појави во тренинг центарот на тимот откако му беше одобрена работна дозвола и влез во Велика Британија.

Миовски беше дел од подготовките на Абердин само надвор од Шкотска, тој даде и гол на пријателски натпревар, но сега за првпат влегува во базата на тимот.

Миовски беше дочекан како ѕвезда, клубот направи посебно видео од неговото доаѓање, а би можел да дебитира веќе во недела на официјален меч кога Абердин игра против Реит Роверс меч од шкотскиот Лига Куп.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе