БУНДЕСЛИГА

Рибери секогаш е расположен за шега, и ги одврза врвките на судијката па даде гол од слободен удар (ВИДЕО)

Франк Рибери уште еднаш покажа дека е еден од најголемите шегобијци во фудбалот, Французинот на вчерашниот дуел со Хемницер и ги одврза врвките на главната судијка

„Баварците“ имаа лесна работа на стартот од Купот на Германија, па Франк Рибери најде и време за шега.

Французинот искористи еден прекин за да се пошегува на сметка на главната судијка, Бибијана Штајнхаус и да и ги одврзе врките додека таа разговараше со неговите соиграчи, а тој ја местеше топката.

38 годишната судијка, која оваа сезона ќе дебитира во Бундеслигата, не му се налути на Франк Рибери, кој по шегата погоди од слободниот удар и го донесе Баерн во водство од 0-4. Конечниот резултат гласеше 0-5.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе