Славен шпански судија даде интересна изјава

„90 проценти од судиите навиваат за Реал Мадрид“

Поранешниот шпански судија, Едуардо Итуралде Гонзалез кој е сегашен аналитичар за „Карусел Депортиво“ и „Ел Ларгуеро“ одговори на интересно прашање кое понекогаш предизвикува дилеми кај навивачите. 

EPA/ANDREU DALMAU
Прашањето кое му беше поставено на судијата Итуралде Гонзалез гласеше: „Знам дека ќе речеш дека судиите се професионалци и ти верувам. Но од твоето професионално искуство, колку од судиите навиваат за Реал Мадрид а колку за Барса? 80% - 20%?
 
Одговорот на судијата бешe јасен: „90% - 10% во корист на Реал Мадрид“.
 
„Сакале или не, 70% од популацијата со исклучок на Каталонија е за Мадрид. Сега Барселона има повеќе фанови отколку што имала претходно поради титулите кои ги освојуваше Пеп Гвардиола и ерата на Меси“.
 
Итуралде Гонзалез помина 17 години како судија во Примера и добро знае кој за кој навива, но не верува дека тоа има влијание врз донесувањето на одлуките.
 
„Тоа за кој навива судијата нема влијание на судењето. Јас сум од Билбао. Сите знаат дека сум за Атлетик. Но би си го нарушил угледот, реномето ако не судам фер“.
 

Легенда под Главна слика

EPA/ANDREU DALMAU

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе