среда, 24 април 2024
Претседателски избори 2024

Пендаровски: Разликата е голема, почнуваме од нула, нема предавање

Актуелниот претседател кој бара нов петгодиен мандат, Стево Пендаровски, вечерва во обраќањето по првиот изборен круг изјави дека разликата во однос на Гордана Сиљановска Давкова е голема, но нагласи дека нема предавање, додаде дека од утре се започнива од нула. „Општа оценка од првиот круг е дека резултатите не се такви какви што ги очекувавме, бројките уште се движат и се пресметуваат. Разликата е веројатно нешто повеќе од 130 илјади гласови, очекувавме помалку, но утре е нов ден и ќе почнеме со нови средби со граѓаните. Започнуваме од нула, нема предавање.

Објавено на

часот

Сподели

Општа оценка од првиот круг е дека резултатите не се такви какви што ги очекувавме, бројките уште се движат и се пресметуваат. Разликата е веројатно нешто повеќе од 130 илјади гласови, очекувавме помалку, но утре е нов ден и ќе почнеме со нови средби со граѓаните. Започнуваме од нула, нема предавање.

„Знаете дека имавме седум кадидати и тоа е една од причините за резултатот. Но, тргнуваме од почеток и јас ќе го промовирам концептот од кој не отстапувам и во него верувам. Тоа е држава интегрирана во ЕУ, без подебли по која било основа и тоа е моето кредо од кое не отстапив уште од почетоците на моето бавење со политиката.

Повикувам на гласање во вториот круг на 8 мај зашто добар дел од граѓаните веруваат дека победникот се решава во вториот крут и не излегуваат на гласање во првиот круг. Тогаш ќе имаме и парламентарни избори и очекувам поголема излезност и глас од повеќе граѓани кои ќе го препознаат концептот на рамноправност во државата“, рече Пендаровски.

Тој нагласи дека нема да бара ниаков договор со ниту еден кандидат за т.н. механичко префрлување на гласови.

„Такви  договори никогаш не сум правел. Ниту од етничка ниту од социјална категорија не сум барал такви договори. Верувам дека тој мој концепт ќе биде препознаен како накродуктивен за сите нас. И верувам во мнозинска поддршка. Нема предавање, не сум малодушен затоа што има многу граѓани кои веруваат во концептот, од сите етнички и возразни категории и други категории“, рече Пендаровски.

На прашањето дека сепак истакнувал дека ќе победи, тој одговори дека верувал во концептот и во партиска поддршка, забележувајќи дека кондицијата не ѝ е иста како пред 5 години.

„Сепак, верувам во консолидација на партијата и верувам дека ѝ додадов доолнителна вредност“, рече на крајот Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ