Трагична вест го потресе Косово

17-годишен косовски фудбалер почина од срцев удар за време на натпревар

Младиот фудбалер на Трепча 89, Ерион Кајтази почина за време на фудбалски натпревар како последица на срцев удар. 

Ерион Кајтази кој имал само 17 години, колабирал пред крајот на првото полувреме, а лекарите само ја констатирале неговата смрт.
 
„Денеска на 17 години нè напушти нашиот незаборавен, Ерион (Фатон) Кајтази. Не можеме да најдеме зборови да напишеме за тебе Ерион. Со нас порасна со сите возрасни групи. Планиравме во блиска иднина да го реализираме твојот трансфер во Европа, мислевме дека ќе дојде тој ден да се разделиме со тебе само физички, но не и емотивно и духовно. Ери, како што сите те нарекувавме, секогаш ќе останеш во нашите умови, сакан, насмеан, близок до сите пријатели и воопшто нашиот клуб“, објави ФК Трепча 89.
 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе