Примера

16 годишниот Ансу Фати испиша нова историја, Барселона ја надигра Валенсија со убеливи 5-2 (ВИДЕО)

Тинејџерот Ансу Фати собори два рекорди откако за седум минути поситгна гол и забележа асистенција, Барселона ја надигра Валенсија и славеше со убедливи 5-2.

„Каталонците“ се уште ја бараат формата на стартот од новата сезона и навивачите можат да бидат задоволни од она што го видоа вечерва. Барса и одржа лекција на Валенсија и триумфираше со 5-2.

Резултатот беше отворен веќе во 2. минута, Де Јонг испрати топка на 11 метри, Гризман паметно пропушти а 16 годишниот Ансу Фати биеше прецизно за 1-0. Пет минути подоцна, тинејџерот возврати и му асистираше на Де Јонг за гол првенец во дресот на Барса и 2-0.

Со ова тој испиша нова историја и стана најмладиот стрелец на Камп Ноу за Барселона, и најмладиот играч кој стигнал до гол и асистенција на еден ист натпревар во Ла Лига.

Пред крајот на првиот дел, Валенсија се врати со голот на Гамеиро, но  по пет минути игра во продолжението, Пике се снајде извонредно пред противничкиот гол и ја врти предноста од два погодоци.

По еден час игра, Суарез погоди за 4-1 по неполна минута на теренот, а Уругваецот во 82. минута по втор пат ја затресе мрежата на Валенсија за 5-1. Во судиското надополнување, Гомез го постави конечниот резултат.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе