Серија А

11 од 14-те позитивни на ковид-19 во Џенова се фудбалери, шест од нив играле против Наполи

Според италијанските медиуми, 11 од 14те позитивни случаи на ковид-19 во Џенова се фудбалери, денеска ќе бидат направени нови тестирања, а ќе се проверуваат и играчите на Наполи.

Последните вести за позитивни случаи во Џенова можат да и донесат проблеми на македонската фудбалска репрезентација во пресрет не важниот меч против Косово.

Пандев засега е негативен, но денеска повторно ќе бидат тестирани играчите на Џенова па не се исклучува можноста за нови позитивни случаи.

Според „Скај Спорт Италија“, 11 фудбалери на Џенова имаат коронавирус, од нив шест настапиле на мечот против Наполи.

Голема е веројатноста дуелот меѓу Џенова и Торино кој треба да се игра престојниот викенд да биде одложен.

Фудбалерите на Наполи кои играа против Џенова исто така одат во изолација, тие ќе бидат тестирани, а околу 70 минути на тој меч играше и нашиот Елиф Елмас.

Наполи престојниот викенд треба да игра дерби меч против Јувентус.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе