УС Опен

Зверев со историски пресврт до финале, таму ќе игра против Доминик Тим

Александер Зверев за прв пат во својата кариера се врати од два сета негатива и победи, тој го совлада Карењо Буста со 3-2 во сетови и во финалето на УС Опен ќе игра против Доминик Тим кој со 3-0 беше подобар од Медведев. 

Германскиот тенисер направи нешто кое досега не му успеало, се врати од два сета негатива и победи.
 
Карењо Буста првите два сета ги доби релативно лесно со 6-3 и 6-2, во тие моменти Зверев изгледаше немоќно и ништо не кажуваше дека може да се врати.
 
Но кога беше најпотребно го крена нивото, заигра како што треба и следните три сета ги доби со 6-3, 6-4 и 6-3.
 
Тој во финалето ќе игра против Доминик Тим кој со 3-0 во сетови го совлада Медведев, два од нив беа во тајбрек.
 
Тим првиот сет го доби со 6-2, а следните 7-6 (9-7) и 7-6 (7-5).
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе