Завршен мастерс турнир во Лондон

Зверев по два тај-брејка го победи Чилиќ

Александар Зверев со победа против Марин Чилиќ го стартуваше настапот на завршниот мастерс турнир во Лондон. 

Зверев со 2-0 во сетови го победи Чилиќ во првиот меч од А групата во Лондон, и двата сета се играа во тај-брек.
 
Чилиќ одлично го почна мечот и поведе со 3-0 во гејмови, но во продолжението Зверев успеа да го врати брејкот и со 7-5 во тај-брејкот да победи за водство од 1-0 во сетови.
 
Слично беше во вториот сет, Чилиќ направи брејк предност, но брзо го загуби, а во тај-брејкот овој пат убедливо со 7-1 победи Зверев и го доби мечот.
 
Вечерва со почеток од 21 часот во истата група играат Ѓоковиќ и Иснер.
 
Синоќа во групата Б, Нишикори со 2-0 го победи Федерер, а Андерсон исто така во два сета беше подобар од Доминик Тим.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе