Олимписки игри

Зверев го сруши олимпискиот сон на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до олимпиското злато откако со 2-1 во сетови загуби од Александер Зверев во полуфналето. 

Ѓоковиќ имаше маестрален влез во мечот, првиот сет го доби со 6-1, во вториот имаше водство од 3-2 со брејк, но потоа следуваше неверојатен пад.
 
До крајот на мечот Ѓоковиќ доби само еден гејм, Зверев преостанатите, второт сет го доби 6-3, а третиот со 6-1.
 
Ѓоковиќ никогаш не победил на Олимпијада, овој трофеј му фалеше, но не успеа. Тој целеше и кон нешто кое никој не го направил, во исто време да ги држи сите четири грен-слема и олимписко злато.
 
Следната шанса ќе му биде за три години во Париз, но нејасно е тогаш во каква форма ќе биде.
 
Зверев во финалето ќе игра против Качанов кој го победи Карењо Буста со 6-3 и 6-3.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе