АТП финале Лондон

Зверев го победи Медведев, Надал е елиминиран

Александер Зверев со 2-0 во сетови го победи Данил Медведев а тоа значеше елиминација на Рафаел Надал и покрај неговата победа над Циципас. 

Победата на Надал од 2-1 во сетови над Циципас се покажа како пирова откако Зверев го доби дуелот со Медведев.
 
Зверев со 6-4 го доби првиот сет, во вториот се играше тајбрејк а тој го доби Германецот со 7-4 и со 2-0 дојде до победата.
 
Циципас, Зверев и Надал имаат по две победи, но шпанскиот тениски ас има најслаб сет количник и го завршува големиот турнир во Лондон.
 
Во полуфиналето Циципас ќе игра против Федерер, а Зверев со Тим.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе