Откако го загуби мечот во двојки, Зверев направи нешто досега невидено, со рекетот почна да удира по столот на судијата додека тој уште седеше, паралелно го навредуваше.
За сето тоа АТП го казни со 40.000 долари, плус нема да му ги даде заработените 30.000 од Акапулко и го отстрани од турнирот.
40.000 долари е максимална казна на АТП, 20.000 од нив се за неспортско однесување, а 20.000 се за вербален напад кон судијата.
Зверев не доби никаква суспензија за следни настапи, па ќе може да игра веќе на наредниот турнир.