Жетва на медали на македонските борци во Србија

Македонија отпатува со шест репрезентативци, а се врати со два златни и два сребрени медали од меѓународниот турнир во граплинг „Еј-ди-си-си Србија 2021“. 

Предводени од селекторот Ивица Алексовски, злато освоија Ева Илиевска меѓу сениорките и Даниела Алексовска во категорија до 18 години и 60 килограми, иако таа е 15-годишна и тежи 47.
 
Марко Петровски и Ане Цветковска освоија сребрени медали, па Македонија заврши четврта меѓу 12 земји.
 
Во конкуренција на тимови, Рутс Би-џеј-џеј, со претставници од Скопје, Охрид и од Куманово го освои исто така четвртото место, меѓу 47 клуба.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе