Седумкратниот светски шампион настрада во скијачка несреќа на Алпите во декември 2013 но и понатаму во јавноста има многу малку информации за неговата здравствена состојба. Семејството на Михаел Шумахер инистира на приваност и до јавноста допираат само мал број на стории.
Првиот човек на ФИА, Жан Тод сега излезе со одредени информации, вели дека Германецот е подобар и откри дека заедно гледале Формула 1 трки.
„Секогаш сум внимателен со изјавите, но вистина е дека е подоар. Гледав Формула 1 трка со Михаел Шумахер во неговиот дом во Швајцарија“ – вели Жан Тод, кој му беше шеф на Германецот во Ферари.
„Михаил не се откажува, продолжува да се бори. Тој е во најдобри раце и добро е чуван. Очигледно е дека нашето пријателство не може да биде како што беше некогаш, комуникацијата не е иста. Но тој продолжува да се бори, исто како што се бори и неговото семејство“.