Зимски олимписки игри

Завршија Зимските олимписки игри, Норвешка освои најмногу медали

Денеска со свечена церемонија беше спуштена завесата на Зимските олимписки игри во Пекинг, Норвешка е нацијата која доминираше на овој голем настан. 

Норвежаните игрите ги завршија со вкупни 37 медали, најмногу од сите. Од нив 16 беа златни, 8 сребрени и 13 бронзени.
 
Втора беше Германија со десет медали помалку од Норвешка. Германците освоија 12 златни медали, 10 сребрени и 5 бронзени.
 
Домашната селекција на Кина е трета со 15 медали од кои 9 златни. Американците освоија десет медали повеќе од Кинезите, но помалку златни па затоа се на четвртото место, тие имаат 25 медели, 8 златни, 10 сребрени и 7 бронзени.
 
Настапот на Македонија и на овие Зимски олимписки игри беше само симболичен без некој позначаен резултат.
 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе