ЗОИ 2018

Запознајте го женскиот карлинг тим на Јужна Кореја во кој сите се викаат Ким

Женскиот карлинг тим на Јужна Кореја на Зимските Олимписки игри е во фокусот на вниманието, сите се викаат Ким па мора да се применува посебен систем за комуникација

Можеби звучи смешно, но сите во женскиот карлинг тим на Јужна Кореја се викаат Ким. Па за тренерот успешно да комуницира принуден е да користи посебен систем.

Ја користи првата буква од името и целото презиме. Ако сака да разговара со Ким Еун Јунг, довикува Е. Ким. Ако сака да разговара со Ким Сеон Јунг, довикува С. Ким итн.

На прв поглед ова можеби е малку чудно, но воопшто не е така бидејќи Ким е едно од најпознатите презимиња во Јужна Кореја. Во делегацијата на домаќинот има дури 34 натпреварувачи кои имаат Ким во своето презиме. Исто така има 13 со презиме Ли и уште девет со презиме Парк.

„Ким е многу често презиме во Кореја, па нема никаква забуна“ - вели тренерот, која исто така се вика Ким.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе