Битката за превласт во македонското пливање никако да заврши

За Маленко, Централниот регистар сега не е надлежен за легитимноста на функцијата претседател, но пред една година беше

Поминуваат години а пливањето во Македонија никако да избега од проблемите, војните за превласт не запираат, крајот се уште не е на виделина. 

Александар Филипчев со гласање од пливачките клубови беше избран за нов претседател, а името на пливачката федерација согласно преспанскиот договор беше променето во „Национална пливачка федерација“. Тој има амин од Агенцијата за млади и спорт и е заведен како претседател во Централниот Регистар.
 
Но, Александар Маленко не се откажува, тој се јавува како претседател на Пливачка федерација на Северна Македонија. Според Централниот регистер тој не е претседател, но според меѓународните институции ФИНА и ЛЕН тој се уште фигурира како прв човек на македонското пливање.
 
Маленко преку соопштение испратено до претседателот на Македонија, владата, премиерот, до советникот за спорт на премиерот, до Македонскиот олимписки комитет, до Агенцијата за млади и спорт и до Централниот регистар го изразува својот став.
 
Тој потенцира дека Централниот Регистар не е надлежен за легитимноста на функцијата што тој ја извршува и дека Агенцијата за млади и спорт не е надлежна да дава решение за дејност спорт - пливање на правни субјекти или лица кои немаат официјална потврда за активност во матичната федерација, односно ПФСМ.
 
 
Но пред една година Маленко не размислуваше така, преку социјалните мрежи и соопштенија во медиумите се фалеше кога беше запишан како Претседател на пливачката федерација на Македонија во Централниот регистар. 
 
 
Во меѓувреме Националната пливачка федерација на Македонија и правно го гони Маленко за користење на фалсификат печати. Тие се обидуваат да им докажат на меѓународните пливачки институции дека има промена во раководството на македонското пливање и дека Александар Маленко е минато. 
 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе