Виз Ер Скопски маратон

За 17. Виз Ер Скопски маратон пријавени седум илјади натпреварувачи

Низ улиците на Скопје в недела (3 октомври) ќе се одржи 17-от Виз Ер маратон. На денешната прес-конференција организаторите на настанот соопштија дека пријавени се околу 7 000 учесници. 

По традиција, маратонот добива поддршка од Град Скопје.
 
– Виз Ер Скопски Маратон е заштитен знак на градот. Скопје ги отвора вратите на атлетичарите. Манифестацијата расте секоја година и можам да кажам дека Виз Ер е најголем маратон на Балканот. Како град работиме на инфраструктурата за спортистите да имаат подобри услови. Се надевам дека како и секогаш, маратонот ќе помине во најдобар ред. Градот Скопје традиционално обезбедува логистичка и финансиска поддршка, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
 
Спортскиот директорот Кире Синадиновски рече дека е предизвик во услови на пандемија да се организира ваков масовен настан.
 
Голем предизвик е да се организира 17. Издание на Виз Ер Скопски маратон поради Ковид протоколите. Имаме пријава од 7 000 натпреварувачи од 40 земји. Не знаеме дали сите ќе дојдат но се надеваме на масовност. Овој пат ќе  отсуствуваат Кенијците, па тоа ќе биде шанса за домашните натпреварувачи. Упатувам апел до скопјани, в недела да излезат на улиците и да им дадат поддршка на маратонците, истакна Синадиновски.
 
Од македонските натпреварувачи најголеми фаворити за висок пласман се Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски. И двајцата најавија атак на првото место. Ивановски изрази надеж дека ќе биде првиот Македонец кој маратонот ќе го истрча под два часа и 20 минути.
 
Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар „Борис Трајковски". Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8 часот, а трката на 5 километри ќе се трча со старт во 8:10 часот.
 
МИА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе