Новак Ѓоковиќ

Вучиќ со порака до премиерот на Австралија: „Зошто го малтретирате?“ (ВИДЕО)

На својот официјален Инстаграм профил се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Тој преку објавеното видео му даде поддршка на српскиот ас Новак Ѓоковиќ и му одговори на премиерот на Австралија на неговата последна одлука за укинување на визата за српскиот тенисер.

„Никогаш не можеа да ни го одземат срцето и достоинството“, рече Вучиќ во врска со Ѓоковиќ. Тој рече дека нападите и притисоците врз Ѓоковиќ од непознати причини добиваат такви размери што е невозможно да не се огласи.

„Можете да замислите како би изгледало тоа кога во Србија некој министер би можел да поништи одлука на судија, значи на важечки судски органи“, рече Вучиќ, додавајќи дека „така ни покажаа можеби како донекаде изгледа независно судство, но пред се како изгледа неважно судство бидејќи целата власт е во рацете на извршните органи“.

„Моралното прашање е многу поважно. Ако сакавте да му забраните на Ѓоковиќ да го освои турнирот по десетти пат, зошто не го сторивте тоа веднаш? Зошто не му кажавте дека е невозможно да добие виза? Зошто го малтретирате и се изживувате, не само над него и неговото семејство туку и над цела една нација? Тоа ли е потребно да ги добиете изборите?“ праша Вучиќ.

„Се појави еден претседател од една мала земја кој може да му го каже тоа на еден голем премиер од една голема земја. Знаете зошто можам, затоа што ја кажувам вистината и затоа што и вие знаете дека кажувам вистина“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека „Србија ќе биде со Ѓоковиќ и ќе умее да ви одговори однесувајќи се многу поубаво отколку што вие се однесувавте кон Ѓоковиќ, но почитувајќи ги меѓународните обичаи и почитувајќи сè она што значи адекватно претставување на една држава“, порача српскиот претседател.

„Ќе се бориме за Новак Ѓоковиќ и тоа што ќе го малтретирате еден ден, два или пет дена повеќе или помалку нема да го промени ниту судот на нашиот народ за народот на Австралија кој исклучително го почитуваме и цениме, но ниту за Новак Ѓоковиќ“, рече српскиот претседател.

Можете да напишете стотици илјади текстови најлоши за Ѓоковиќ, тој ќе остане најдобар тенисер на сите времиња и ќе остане во нашите срца, изјави Вучиќ.

„А вие што мислите дека со малтретирање и изживување нешто постигнувате, никогаш нема да се доближите не само на Новак Ѓоковиќ, ниту на кој било обичен човек, и на нашиот и на вашиот горд и достоинствен народ“.

„Да живее Србија, Новак, ние сме со тебе“, порача Вучиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе