Српските власти му даваат поддршка на Новак

Вучиќ: Се слушнав со Ѓоковиќ, му кажав дека правиме сè за да престанат да го малтретираат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека се слушнал со Новак Ѓоковиќ и српските власти преземаат сè што имаат на располагање за случајот да се реши. 

EPA-EFE
Ѓоковиќ е заглавен на аеродромот во Мелбурн и чека да му одобрат влез во Австралија, но засега е неизвесно дали ќе биде пуштен или вратен од властите во таа земја.
 
Во меѓувреме претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека тие се борат за ситуацијата да биде решена што побрзо.
 
„Само што завршив телефонски разговор со Новак Ѓоковиќ. Му кажав на нашиот Новак дека цела Србија е со него и дека нашите органи на власт ги преземаат сите мерки за малтретирањето на најдобриот тенисер во светот во најбрз можен рок да биде прекинато. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право Србија ќе се бори за Новак Ѓоковиќ, за правда и вистина. Инаку Новак е силен, таков каков што сите го познаваме“, соопшти Вучиќ преку социјалните мрежи.
 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе