Медитерански игри

Втор пораз на македонските одбојкарки во Оран, овојпат од Тунис

Женската македонска одбојкарска репрезентација со убедливи 3-0 (25:20, 25:11, 25:21) во сетови загуби од Тунис во вториот меч на Медитеранските игри. 

По воведниот пораз од Египет од 3-1, македонските одбојкарки денеска загубија и од Тунис, овојпат без ниту еден добиен сет.
 
Тамара Стојанова беше најефикасна во црвено-жолтиот табор со 12 поени, Јонузи заработи 6, Терзиевска и Стојановска по 5.
 
Македонските одбојкарки коишто со учеството на Медитеранските игри се вратија на интернационалната сцена по повеќе од десетгодишна пауза, утре во последното коло од групната фаза ќе играат против Грција.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе