Ролан Гарос

Возњацки го доби првиот сет со 6-0, а потоа загуби од Кудерметова!

Руската тенисерка Вероника Кудерметова направи големо изненадување елиминирајќи ја Каролине Возњацки иако првиот сет го загуби без освоен гејм.

Вероника Кудерметова имаше старт од соништата во своето прво учество на Ролан Гарос откако ја победи Возњацки, иако можеби и проблемите со повреди влијаеа на елиминацијата на данската тенисерка.
 
Возњацки веќе некое време се мачи со повреди, но реши да настапи на Ролан Гарос и одлично тргна, го доби првиот сет со 6-0.
 
Сепак во следните два Кудерметова славеше со 6-3 и 6-3 и дојде до сензационална победа.
 
Во првото коло елиминација доживеа и Кербер која синоќа загуби од Анастасија Потапова со 6-4 и 6-2.
 
А турнирот е послаб и за Петра Квитова која го откажа учеството поради повреда на листот на ногата.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе