Формула 1

Возбудливи квалификации во Силверстоун, Ботас до пол пред Хамилтон и Леклер

Валтери Ботас е победник во квалификациите за ГН на Велика Британија, Финецот беше побрз од тимскиот колега Луис Хамилтон за само 6 илјадитинки.

Продолжува доминацијата на Мерцедес на Силверстон, Ферари се закани дека може да им ги помати сметките на ривалите, но исто како и минатата година, тимот од Маранело за нијанса беше побавен.

Валтери Ботас ќе стартува од пол позиција откако Финецот денеска беше најбрз и постави нов рекорд на патеката од 1:25.093. Неговиот тимски колега Луис Хамилтон имаше заостанување од само 6 илјадитинки и време од 1:25.099.

Шарл Леклер по првите два сектори имаше време за пол, но загуби во третиот сектор и на крајот мораше да се задоволи со трето место и време од 1:25.172. Покрај него во вториот ред друштво ќе му прави Макс Верстапен.

Пјер Гасли и Себастиајн Фетел се во третиот ред, а потоа следуваат Даниел Рикиардо, Ландо Норис, Алекс Албон и Нико Хулкенберг.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе