Формула 1

Возбудливи квалификации во Нирбургринг, Ботас со перфектен круг до пол-позиција

Прекината е доминацијата на Луис Хамилтон од пет победи во квалификациите, попладнево Валтери Ботас со перфектен круг стига до пол-позиција во Нирбургринг.

Макс Версапен покажа заби во квалификациите на ГН на Ајфел, но Мерцедес продолжи да доминира, „сребрената стрела“ има 11 од 11 кога е во прашање пол-позицијата.

Холанѓанецот во првиот брз круг во третата сесија постави најдобро време од 1:25.744, но возачите на Мерцедес најдоа резерва и во вториот брз круг одговорија на предизвикот.

Луис Хамилтон извозе 1:25.525 во својот втор обид, а Валтери Ботас успеа да склопи перфектен круг, со три сини сектори и постигнување од 1:25.269 за трета пол-позиција оваа сезона.

Макс Верстапен не само што извиси во битката за пол-позиција, ќе мора да стартува и од вториот ред, каде друштво ќе му прави Шарл Леклар, кој за нијанса беше подобар од Алекс Албон.

Потоа следуваат Даниел Рикардо, Естебан Окон, Ландо Норис, Серхио Перез и Карлос Саинц.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе