Мото ГП

Возбудливи квалификации, Квартараро и Маркез паднаа на исто место но ќе стартуваат како прв и трет

Квалификациите за ГН на Тајланд донесоа возбуда и голема борба во која младиот Фабио Квартараро ќе стартува од пол и покрај тоа што падна, друштво во првиот ред ќе му прават Маверик Вињалес и Марк Маркез.

Фабио Квартараро ќе стартува од пол во Бурирам, утрово забележа нов рекорден круг на патеката, подобар и од постигнувањето на Дани Педроса на тестовите во 2018.

Младиот Французин водеше жестока битка со Маверик Вињалес и Марк Маркез. Тој прв зададе удар и со време под 1 минута и 30 секунди ја имаше провизорната пол позиицја по првите брзи кругови, додека актуелниот шампион заостануваше само 0,011 секунди.

Со нова задна гума, Марк Маркез леташе на патеката во второто излегување, но падна во свиокот број пет и сам се отпиша од битката за највисок пласман.

Фабио Квартараро во второто излегување на патеката веднаш се подобри и постави време од 1:29.719, за во следниот круг да биде уште побрз, но исто како и Марк Маркез, загуби контрола во свиокот број пет и излета.

Па во финишот се беше оставено на Маверик Вињалес, кој постави време од 1:29.825, доволно само за второто стартно место.

Во вториот ред се најдоа Франко Морбидели, Данило Петручи и Џек Милер, третиот ред е резервиран за Андреа Довициозо, Жоан Мир и Валентино Роси, а четвртиот ред за Алекс Ринс, Пол Еспаргаро и Алеш Еспаргаро.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе