Формула 1

Возбудлива спринт трка во Бразил: Ботас победи, Хамилтон имаше 15 претекнувања

Валтери Ботас е победник на спринт трката во Бразил, Финецот со одличен старт го претекна Макс Верстапен во првиот свиок и не дозволи позицијата да му биде загрозена, Луис Хамилтон имаше многу работа и претекна дури 15 болиди.

Валтери Ботас успеа да му откине еден бод на Макс Верстапен во битката за титулата, Финецот реши да ја започне денешната спринт трка со меки гуми, одлично стартуваше и го претекна Холанѓанецот уште во првиот свиок.

Тој потоа одлично ги менаџираше гумите, не дозволи во ниту еден момент да биде загрозен и стигна до триумф во Бразил.

Макс Верстапен како да не сакаше ништо да ризикува, па беше прилично мирен на втората позиција, додека трет финишираше Карлос Саинц, кој долго време одолеваше на Серхио Перез.

Луис Хамилтон, кој стартуваше од последното место, не се штедеше и претекна дури 15 болиди за финиш како петти. Утре тој ќе стартува од позицијата број 10, но ако во предвид се земе тоа како возеше денеска, ништо чудно и да се бори за победа.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе