Валтери Ботас успеа да му откине еден бод на Макс Верстапен во битката за титулата, Финецот реши да ја започне денешната спринт трка со меки гуми, одлично стартуваше и го претекна Холанѓанецот уште во првиот свиок.
Тој потоа одлично ги менаџираше гумите, не дозволи во ниту еден момент да биде загрозен и стигна до триумф во Бразил.
Макс Верстапен како да не сакаше ништо да ризикува, па беше прилично мирен на втората позиција, додека трет финишираше Карлос Саинц, кој долго време одолеваше на Серхио Перез.
Луис Хамилтон, кој стартуваше од последното место, не се штедеше и претекна дури 15 болиди за финиш како петти. Утре тој ќе стартува од позицијата број 10, но ако во предвид се земе тоа како возеше денеска, ништо чудно и да се бори за победа.