УФЦ 251

Волкановски уште еднаш го победи Холовеј и ја одбрани титулата во УФЦ! (ВИДЕО)

УФЦ борецот со македонско потекло, Александар Волкановски во тешка борба со судиска одлука го победи Макс Холовеј и го одбрани шампионскиот појас во перо категорија. 

Волкановски извојува тешка победа против поранешниот шампион Холовеј, мечот беше уште поизедначен од нивниот претходен дуел, на крајот судиите одлучија дека Австралиецот со македонско потекло беше подобар.
 
Макс Холовеј одлично ја почна борбата и првите две рунди му припаднаа него. Американецот имаше повеќе удари, а некои од нив го зашеметија Волкановски. 
 
Во третата рунда Алекс почна да се враќа, а во последните две веќе беше подобар вртејќи го мечот во своја полза.
 
На крајот судиите имаа тешка одлука да го прогласат победникот, двајца од тројцата сметаа дека Волкановски е подобар. Конечната одлука на судиите беше 48-47, 47-48, 48-47 за Македонецот.
 
Волкановски останува УФЦ шампион во перо категорија, а Холовеј ќе треба уште еднаш да се обиде за да си ја врати титулата.
 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе