Изборно собрание на МОК

Војнеска-Зикова и нејзините подржувачи го напуштија Собранието на МОК

Изборното собрание на МОК изобилува со тензија која кулиминираше кога кандидатката за претседател Александра Војнеска-Зикова и нејзините подржувачи излегоа од салата. 

Голема поделеност, расправии и тензија на Изборното собрание на МОК. Таквиот тек донекаде беше и очекуван по настаните кои му претходеа на собранието.
 
Кулминацијата се случи кога првиот човек на боксерската федерација, Примислав Димовски повика на напуштање на собранието, тоа го прифати Александра Војнеска - Зикова и останатите кои ја поддржуваат неа.
 
Другиот кандидат, Даниел Димевски кој се очекува да биде избран за наследник на Тупурковски, ги обвини за детско однесување.
 
„Ова е неспортски начин, ова го прават мали деца, нема да победат, па викат не играм“, рече Димевски.
 
Собранието почна со расправии за тоа кои федерации можат да гласат а кои не. Националната пливачка федерација не доби право на глас иако е таа е легитимна според македонските институции, но МОК ја прифати федерацијата на Маленко како главна во пливањето затоа што таа е признаена од ИОК (Интернационалниот олимписки комитет).

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе