АТП финале Лондон

Во својот деби настап Циципас го освои завршниот турнир во Лондон!

Стефанос Циципас со 2-1 во сетови го победи Доминик Тим во големото динале на АТП завршниот турнир во Лондон, огромен успех за младиот тенисер. 

21-годишниот грчки тенисер, Стефанос Циципас во својот деби настап го освои завршниот турнир во Лондон.
 
Тој е најмладиот тенисер во последните 18 години кој го освоил завршниот АТП турнир.
 
Во првиот сет и двајцата тенисери беа успешни на свој сервис, па тајбрејкот решаваше, а во него Тим победи со 7-8.
 
Во вториот сет Циципас зема два брејка и со убедливи 6-2 изедначи на 1-1 во сетови.
 
Циципас одлиично го почна и третиот сет, му зема брејк на Тим, но Доминик брзо направи рибрејк. И овој сет го решваше тајбрејк, а во него Гркот победи со 7-4 и заслужено се радува на големиот трофеј.
 
Трофејот во Лондон беше круна на фантастичната сезона на Циципас која ветува голема тениска иднина за грчкиот тенисер.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе