Во Скопје се одржа традиционалниот интернационален пливачки митинг „13 ноември“

Изминатиот викенд во Скопје по петти пат се одржа интернационалниот пливачки митинг „13 ноември“ на кој учество земаа пливачи од девет земји. 

Пливачкиот митинг „13 ноември“ беше организиран од ПК Бета - шаркс и Пливачката федерација на Македонија. Учествуваа над 390 пливачи од девет земји.
 
Нашите пливачи постигнаа свои најдобри времиња, собирија неколку рекорди по категории и освоија медели во финални трки.
 
Најистакнати наши пливачи по вредност на резултат на овој настан беа: Ева Петровска, Миа Еминова Блажевска, Давор Петровски, Љупчо Ангеловски и Миа Крстевска.
 
Митингот свечено го отвори директорот на АМС Дарко Каевски во присуство со претседателот на ПФМ, Александар Маленко и директорот на СРЦ „Борис Трајковски“, Александар Петровски.
 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе