НХЛ и МОК не се договорија

Во Пјонгчанг започна машкиот турнир во хокеј без најдобрите, причината е едноставна – ПАРИ

Денеска на програмата на Зимските Олимписки игри се првите натпревари од машкиот турнир во хокеј, во Пјонгчанг сепак ќе ги нема најдобрите откако НХЛ издаде забрана

За прв пат по Олимпијадата во Лилехамер во 1994 на машкиот турнир во хокеј ќе ги нема најдобрите играчи, односно ѕвездите од НХЛ, првенството на Северна Америка кое важи за најдобро во светот.

НХЛ уште во април месец минатата година донесе одлука да им забрани на своите хокеари да настапат во Пјонгчанг, одлука која наиде на големо разочарување кај играчите но и љубителите на хокејот ширум светот.

Секако, НХЛ најчесто се „вади“ на желбата скапите ѕвезди да не им се повредат, но главната причината за ваквата одлука е едноставна – ПАРИ. Временската разлика помеѓу Кореја и Северна Америка значи дека најголемито дел од натпреварите ќе се играат среде ноќ за гледачите во САД и Канда, па НХЛ не гледа ќар од тоа што ќе треба да направи пауза од три недели.

НХЛ и Меѓународниот олимписки комитет долги години се во војна, и секако се натегаат за пари. НХЛ сака да добие соодветна компензација поради тоа што ќе ги  пушти своите најдобри играчи на Олимпијада додека пак МОК не помислува да плати на некоја професионална лига или организација за настап.

НХЛ даде злено светло хокеарите да настапат во Сочи пред четири години, но само отакко МОК се сложи да ги покрие трошоците за патување и осигурување, се шпекулира дека за ова биле одвоени околу 14 милиони долари. Двете страни сега и околу ова имаа разидување па во Пјонгчанг ќе ги нема најдобрите хокеари.

Останува да се види дали НХЛ ќе завземе ваков цврст став и за следната Олимпијада која за четири години ќе се одржи во Пекинг бидејќи сите спортови сакаат да дбијат дел од огромниот колач на растечкиот пазар во Кина. Во 2017 неколку претсезонски натпревари беа одиграни на Далечниот Исток, а на нив дури присуствуваше и комесарот Гери Бетмен.

Во отсуство на најдобрите хокеари, нема јасен фаворит за златото. Пет репрезенации имаат шанси за триумф а тоа се Шведска, Финска, Канада, Чешка и Русија, „Зборнајата“ се натпреварува под името Олимписки спортиси од Русија.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе