„ПК ,,Вардар 2018,, Скопје на 9 август 2020 година ( недела) ќе организира пливачки маратон кој за првпат ќе се одржи на Крушевското Езеро. Маратонот е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање кој оваа година федерацијата го организира по седми пат.
Пливачкиот маратон ќе го носи името Тоше Проески а ќе се одржи според правилата на ФИНА и ЛЕНА.
Ќе се плива 2,5 км поделени во три старосни категории од 12 до 14 години, од 14 до 18 години и постари . Исто така за пливачите помлади од 12 години ќе има детска трка на 800 метри. Патека ќе биде поставена во форма правоголник а пливачите ке пливаат кружно.
За потребите на оваа трка покрај собирање на бодови за вкупен пласман набавени се и нови бови кои ќе го означат пливалиштето, секој пливач кој ќе стигне да ја исплива делницата ќе добие медал за најдобрите набавени се и одличја , ќе се делат маички како и стокови награди.
Маратонот Тоше Проески е во организација на ПК Вардар 2018 Скопје потпомогнат од општина Крушево, Ла Хемија, Поп Ацеви Стоматолошка Ординација, Стокомак Дисконт, Авантуристички кампус Крушево Бегова Корија, Скар Крушево, Кола , Аутомобиле СК ( Alfa, Jeep, Fiat и Fiat Professional), Џорџ Рент а Кар.
Маратонот започнува во 11:00 часот. Се покануваат сите љубители на пливањето да дојдат и да уживаат во убавините на Македонија, Крушево а кој сака може и да земе учество согласно правилата и пропозициите“, соопштува претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев.