Хамилтон постојано го имаше водството и ништо не наговестуваше возбудлив финиш, но се случи голема драма во последните два круга.
Најпрво му пукна гумата на Валтери Ботас кој во тој момент беше на второто место. Ботас отиде во пит-стопот и на крајот го освои 11 место, остана без бодови.
На стартот од последниот круг пукна гумата и на Хамилтон, во тој момент имаше околу 25 секунди пред Верстапен. Британецот цел круг успеа да извози со дупната гума која до крајот речиси и да ја снема, Верстапен забрзано ја намалуваше предноста, но не успеа да го стигне Хамилтон кој сепак успеа прв да ја мине целта. Заврши со нешто повеќе од 5 секунди предност пред Верстапен.
Ова беше седмата победа за Луис Хамилтон на домашната тркава во Силверстоун.
Трет заврши Леклер, четврти Рикиардо, а во топ десет место имаше се Норис, Окон, Гасли, Албон, Строл и Фетел.
Следниот викенд Формула 1 повторно ќе се случува на истата патека во Силверстоун.