Во трите сета имаше само еден загубен сервис, тоа се случи во првиот сет при водство на Тим од 6-5, Австриецот доби брејк победи со 7-5 и поведе со 1-0 во сетови.
Во вториот сет се случуваше вистинска драма, се играше тај-брејк, Доминик Тим не искористи четири меч топки, Ѓоковиќ го доби со 12-10 и изедначи на 1-1.
И во третиот решавачки сет двајцата беа сигурни на свој сервис, и овој пат тај-брејкот решаваше. Новак почна фуриозно, поведе со 4-0 и се чинеше дека тој ќе дојде до победата, но следуваше голем пресврт, Доминик Тим направи серија од 6-0, поведе со 6-4, на крајот го доби тај-брејкот со 7-5 и заслужено дојде до победата од 2-1 во сетови.
Во финалето Доминик Тим ќе игра со побдникот од мечот меѓу Медведев и Надал.