АТП финале Лондон

Во исклучително драматичен меч, Тим го победи Ѓоковиќ и се пласира во финалето во Лондон

Доминик Тим и Новак Ѓоковиќ одиграа меч за паметење, Србинот спаси четири меч топки но не успеа да дојде до триумф иако во решавачкиот сет водеше со 4-0 во тај-брејкот. 

Во трите сета имаше само еден загубен сервис, тоа се случи во првиот сет при водство на Тим од 6-5, Австриецот доби брејк победи со 7-5 и поведе со 1-0 во сетови.
 
Во вториот сет се случуваше вистинска драма, се играше тај-брејк, Доминик Тим не искористи четири меч топки, Ѓоковиќ го доби со 12-10 и изедначи на 1-1.
 
И во третиот решавачки сет двајцата беа сигурни на свој сервис, и овој пат тај-брејкот решаваше. Новак почна фуриозно, поведе со 4-0 и се чинеше дека тој ќе дојде до победата, но следуваше голем пресврт, Доминик Тим направи серија од 6-0, поведе со 6-4, на крајот го доби тај-брејкот со 7-5 и заслужено дојде до победата од 2-1 во сетови.
 
Во финалето Доминик Тим ќе игра со побдникот од мечот меѓу Медведев и Надал.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе