АТП финале Лондон

Во драматичен меч Тим го победи Ѓоковиќ и го освои првото место во групата

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде вториот патник во полуфиналето од групата Б откако Доминик Тим го совлада и српскиот тенисер. 

По Роџер Федерер, Доминик Тим го совлада и Новак Ѓоковиќ а со тоа на коло пред крајот го завери првото место во групата Б.
 
Ѓоковиќ добро го почна мечот и го доби првиот сет во тајбрејк 7-6 (7-5). Во вториот Тим возврати, го доби сетот со 6-3 и изедначи на 1-1.
 
Интересно беше во третиот решавачки сет кој Тим го почна со брејк, имаше водство од 2-0, но Ѓоковиќ брзо успеа да го врати брејкот и да изедначи на 3-3. Тим повторно му зема брејк на српскиот тенисер, поведе со 6-5 и сервираше за меч, но Ѓоковиќ направи рибрејк и го однесе мечот во тајбрејк.
 
Во тајбрејкот Ѓоковиќ имаше одличен почеток, на почетокот зема минибрејк, ги доби своите сервиси и имаше водство од 3-0, водеше и 4-1 и тогаш падна. Доминик Тим зема пет поени по ред, го сврте водството и на крајот го доби тајбрејкот со 7-5.
 
Во последното коло од групата Тим игра со Беретини, а Ѓоковиќ со Федерер во меч од кој ќе излезе вториот патник во полуфиналето.
 

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе