Спортско рекреативниот центар ќе биде подновен

Владата на Австралија додели 455.000 долари за обнова на комплексот „Македонија Парк“ во Перт

Сојузниот пратеник Винс Конели објави писмо од австралискиот заменик премиер адресирано до македонската општина на Западна Австралија со кое владата на Австралија ќе помогне со 455.000 долари за обонва на спортско рекреативниот комплекс „Македонија Парк".

Kомплексот „Македонија Парк“ во Перт, кој е дом на фудбалскиот клуб Стирлинг Лајонс но служи и за спортско рекреативни активности на македонската заедница, ќе добие ново осветлување и реновирана кујна.

Владата на Австралија ќе помогне со 455.000 долари за обнова, сојузниот пратеник Винс Конели го објави писмото од австралискиот заменик премиер адресирано до македонската општина на Западна Австралија.

„Чест ми е што бев поканет да и се придружам на македонската заедница во Стирлинг и фудбалскиот клуб Стирлинг Лајонс за да им го предадам потпишаното писмо од австралискиот заменик премиер со кое се формализира нашата инвестиција од 455.000 долари во нивните објекти, осветлувањето и кујната. Се надевам дека ова е само почеток на долга и успешна соработка која ќе донесе силна и уште поперспективна локална општика“ – се вели во објавата на Фејсбук на сојузниот пратенк Винс Конели.

Македонската општина на Западна Австралија е една од најстарите македонски иселенички организзации чиј корени датираат од 1942 година и голем дел од членството се по потекло од Егејскиот дел на Македонија.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе