Поради пандемијата на коронавирус

Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одржи без африкански натпреварувачи, ќе ја нема и трката на 5 километри

Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 4-ти октомври, во недела со истата патека, но со нов старт и цел, за да се испочитуваат мерките и протоколите за заштита од ковид-19. 

Ова денеска на прес конференција го најави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, соопштувајќи дека оваа година со цел заштита на здравјето на сите, донесен е посебен протокол за одржување на најпознатиот и најстар спортски настан.

„Оваа година ќе имаме 1500 учесници во три трки: маратон, полумаратон и штафетен маратон „ЕУ за тебе“. И оваа година ќе имаме квалитетни натпреварувачи, како и досега, но поради пандемијата влезовите во државите се ограничени и оваа година ќе бидеме без натпреварувачите од Африка. Заради целата ситуација со вирусот Ковид-19, го променивме стартот и целта, кои што ќе бидат пред влезот на СЦ Борис Трајковски, а патеката е иста. Тоа е така затоа што тој простор ни дозволува да ги испочитуваме сите протоколи донесени специјално за маратонот“, изјави Синадиновски.

Прес конференцијата се одржа на терасата на хотел Парк, каде што свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Александар Кираџиев, национален првак во маратон во нашата земја неколку години по ред.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека со големо задоволство Град Скопје е повторно традиционален домаќин и покровител на Виз Ер Скопски маратон.

„Не можам, а да не го кријам своето задоволство што и годинава ќе биде одржан Виз Ер Скопски маратон и што ја продолжуваме традицијата.  Град Скопје е традиционален домаќин и мило ми е што во организацијата на маратонот се вклучени и професионалци и волонтери кои што ќе се грижат сѐ да е во најдобар ред. Град Скопје обезбедува и логистичка, но и финансиска поддршка, заедно со јавните претпријатија. Им посакувам на сите добра трка, успешен маратон и добро здравје на сите“, им посака градоначалникот Шилегов на тркачите и организаторите.

Свое обраќање имаше и Александар Кираџиев кој што истакна дека е особено благодарен што во една ваква пандемиска година се смогнаа сили и напори за да се одржи трката и им посака успешна реализација во недела на организаторите на овој успешен проект.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе