Мото ГП

Вињалес не е Дови, возачот на Јамаха падна и го остави Маркез да победи во Австралија (ВИДЕО)

Марк Маркез продолжува да испишува историја откако победи во Филип Ајленд, актуелниот шампион имаше интересна битка со Маверик Вињалес кој падна во последниот круг кога подготвуваше атак.

Марк Маркез и Андреа Довициозо изминативе години имаа неколку луди битки до последен круг, љубителите на Мото ГП уживаа во атрактивни претекнувања во последниот свиок.

Актуелниот шампион Марк Маркез денеска беше инволвиран во нова ваква пресметка, но за противник го имаше сонародникот Маверик Вињалс. Во Австралија, возачот на Јамаха, две третини од трката беше во водство, а Марк Маркез зад него кроеше стратегија како и кога да нападне.

Долг оочекуваниот потег се случи на правецот во последниот круг, Марк Маркез ја искористи моќта на својата Хонда за да избие напред и потоа умешно го блокираше свјот ривал. Маверик Вињалес градеше позиција за атак, но наместо да сведочиме на нова луда битка, тој се прецени во свиокот број 10, падна и му подари триумф на својот сонародник.

За Марк Маркез ова беше 55-та победа во кралската класа со што го надмина постигнувањето на Мик Дуан и сега е на третата позиција на вечната листа, Шпанецот исто така стана најуспешен возач во историјата на Хонда.

Зад него, имаше неколку интересна бобрби за позиции, на крајот Кал Крачлоу заврши како втор, а последното место на пиедесталот му припадна на домашниот возач Џек Милер.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе