Јамаха има комплицирана сезона, тешко го следи темпото на Хонда, Дукати па и Сузуки, но конечно малку радост и за шефот на тимот Лин Џарвис.
Попладнево во Асен, Маверик Вињалес со местрално возење мина прв низ целта и ја забележа првата победа оваа сезона. Шпанецот не направи ниту една грешка и сосема заслужено се радуваше на крајот.
Освојувачот на пол позицијата, Фабио Квартараро водеше десетина круга, но возачот на вториот тим на Јамаха не можеше да го следи темпото на Маверик Вињалес и Марк Маркез во вториот дел од трката.Во финишот од комбинација отпадна и возачот на Хонда, кој очигледно беше задоволен со тоа што дополнително ќе ја зголеми предноста во генералниот пласман па без многу ризик заврши како втор.
Зад нив, Андреа Довициозо финишираше како четврти, а потоа следуваа Морбидели, Петручи, Крачлоу, Мир, Милер и Јаноне.