Формула 1

Фетел се изврте, болидот на Леклер се расипа, Ферари му подарија победа на Хамилтон во Бахреин!

Луис Хамилтон стигна до победа на ГН на Бахреин, Британецот ги искористи подароците од Ферари и прв мина низ целта пред тимскиот колега Валтери Ботас.

По катастрофалната трка во Австралија, Ферари беше на добар пат да се опорави во Шакир.Леклер и Фетел беа најбрзи на тренинзите а и го запоседнаа првиот ред во квалификациите.

Возачот од Монако лошо стартуваше и загуби две позиции, но експресно се врати во водство откако лесно се справи со Ботас и Фетел. Тој потоа почна да гради предност и се чинеше дека ќе се радува на првата победа.

Сепак, во втората половина од трката почнаа проблемите за Ферари. Најпрво Фетел се изврте во еден дуел со Хамилтон за втората позиција, а потоа се случи некаков дефект во болидот на Леклер, кој поставуваше времиња побавни за пет до шест секунди во однос на ривалите.

Па набрзо беше поминат од Хамилтон а потоа и од Ботас, двоецот на Мерцедес не ја пропушти укажаната шанса и стигна до еден-два победа во Бахреин. Мала утеха за Леклер може да биде тоа што на два круга пред крајот откажаа моторите на двајцата возачи на Рено, Хулкенберг и Рикиардо, трката заврши со возење под безбедносно возило, па тој го задржа последното место на пиедесталот и екстра бодот за најбрз круг.

Безбедносното возило го спречи Макс Верстапен да атакува на третото место, како и Кими Раиконен да атакува на позицијата на Ландо Норис (6. место). Себастијан Фетел, кој беше на позицијата број 5 не можеше да стори ништо во финишот.

Во бодови уште завршија и Пјер Гасли, Алекс Албон и Серхио Перез.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе