Формула 1

Верстапен стигна до пол-позиција во Абу Даби, различната стратегија најавува возбудлива трка

Макс Верстапен го зададе првиот удар и стигна до пол-позиција во Абу Даби, битката за титулата треба да биде возбудлива поради различната стратегија на Ред Бул и Мерцедес.

Макс Верстапен и Луис Хамилтон во последната трка од сезоната влегуваат со ист број на бодови, и оној кој ќе биде поуспешен во Абу Даби, ќе стане шампион во Формула 1 во сезоната 2021.

Првиот удар го зададе Макс Верстапен, младиот Холанѓанец беше најбрз во квалификациите и утре ќе стартува од пол.

Со помош на својот тимски колега, и возењето во заветрина на правецот, Макс Верстапен постави време од 1:22.109, кое беше недостижно за конкуренцијата, па Луис Хамилтон мораше да се задоволи со старт од втората позиција.

Утрешната трка треба да биде возбудлива не само поради тоа што лутите ривали ќе стартуваат еден покрај друг, туку и поради различната стратегија на Ред Бул и Мерцедес. Макс Верстапен ќе стартува со најмеката компонента на гуми, доде пак Луис Хамилтон со средна компонента.

Зад нив, во вториот ред ќе бидат Ландо Норис и Серхио Перез, во третиот ред се најдоа Карлос Саинц и Валтери Ботас а потоа следат Шарл Леклер, Јуки Цунода, Естебан Окон и Даниел Рикардо.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе